ЗА НАС

Компанијата ЕУРО-КЛИМА е формирана во 1998 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење, греење и вентилација. Од своите почетоци, до денес фирмата постојано е во чекор со светските трендови од областа на климатизацијата, ладењето и греењето. Во досегашното работење ЕУРО КЛИМА брои повеќе од 100 реализирани проекти и преку 10.000 задоволни клиенти. Фокусот на компанијата е насочен кон обезбедување на квалитетни и најсоодветни решенија прилагодени според потребите и барањата на клиентот. Нашиот стручен тим во соработка со клиентот го наоѓаат решението за секој предизвик. Посетете нè и уверете се во квалитетот на нашите производи и услуга. Ве очекуваме!